Столтенберг во американскиот Конгрес: Северна Македонија наскоро ќе биде 30 членка на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во обраќањето пред американскиот Конрес по повод 70 години од создавањето на Алијансата, истакна дека Република Северна Македонија со поддршка од САД и другите земји сојузници наскоро ќе стане 30 членка на Северноатлансткиот воен сојуз.
– Република Северна Македонија годинава го потпиша Протоколот за пристапување и со ваша поддршка наскоро ќе стане 30 членка. Вратата на НАТО останува отворена. Она што започна во 1949 година со 12 членки, се покажа како моќна сила за мир, Алијанса во која другите се стремат да се приклучат. Тоа го покажува историскиот успех на НАТО, рече Столтенберг.
Сепак, како што наведе, успехот од минатото не е гаранција за успех во иднина, а пред НАТО се бројни предизвици.
– Треба да бидеме искрени, од двете страни на Атлантикот се поставуваат прашања за силата на нашето партнерство. Постојат разлики, ние сме сојуз на многу различни нации, со различна географија, историја и политички партии – републиканци и демократи, конзервативци и лабуристи, независни, зелени и многу други. Ова е демократија. Отворената дискусија и различните ставови не се знак на слабост, напротив, тоа е знак на сила. Затоа не треба да бидеме изненадени кога ќе видиме разлики меѓу нашите земји. Постојат несогласувања за прашања како што се трговијата, енергијата, климатските промени и иранскиот нуклеарен договор. Тоа се сериозни проблеми и сериозни несогласувања, рече Столтенберг.
Но, како што нагласи, силата на НАТО е дека и покрај разликите, сојузниците секогаш се обединувале околу основна задача – да се бранат меѓусебно, да се заштитуваат еден со друг, и да ги заштитуваат своите граѓани.
– Во минатото ги надминавме нашите несогласувања, мораме да ги надминеме и сега, затоа што нашата Алијанса ќе ни биде уште попотребна во времето што доаѓа, порача Столтенберг во обраќањето пред Конгресот
Ново на Сител
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни