Столтенберг: Нема и не може да има ветувања дека Алијансата нема да се проширува
Нема и не може да има никакви гаранции и ветувања дека НАТО нема да се проширува, рече генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервјуто што денеска е објавено во швајцарскиот весник „Тан“ и е цитирано од ТАСС.
- Нема вакви ветувања или договори. Доколку некој тоа го побара, јас можам тоа документирано да Ви го демонстрирам, забележа тој.
„Доколку има такво нешто тоа ќе биде апсолутно неприфатливо. Со какво право Вашингтон и Москва би можеле да водат преговори, решавајќи за иднината на Полска или Естонија?“
Генералниот секретар на Североатлантската Алијанса категорично ја демантира забелешката на новинарот дека можеби е време за отфрлање на идејата за прием на Украина и Грузија во НАТО, затоа што така мислат „најмалку некои Европејци“.
- Тоа би било исклучително опасно, реагира Столтенберг и додаде: Доколку НАТО почне да тврди дека е подготвен да ја затвори вратата пред такви земји, како Украина и Грузија, за да си ги олесни односите со Русија, тоа ќе значи дека се прифаќа неприфатливото: воспоставување на сфери на влијанија, каде големите држави ќе можат да носат одлуки кои ги засегаат малите земји.
Генералниот секретар на НАТО се повикува на обврските на државите, посочени во финалниот акт на Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС) во Хелсинки во 1975 година. КЕБС подоцна прерасна во ОБСЕ.
- Основен принцип за стабилноста и безбедноста во Европа, под кој се потпишаа сите земји, вклучувајќи ја и Русија, во финалниот акт од Хелсинки, во еден дел, се состои во тоа дека секоја држава има право да го избира својот сопствен пат, вклучувајќи и ја сферата на безбедноста, подвлече Столтенберг, цитиран од ТАСС.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот