Столтенберг: НАТО треба да го осуети военото зацврстување на Русија

НАТО треба да го осуети засилувањето на руското воено присуство во Калининград, во Црно Море и во источен Медитеран, затоа што тоа на Москва може да и овозможи контрола врз многу важни зони, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од француските медиуми.
Стратегиската руска енклава Калининград е разместена југозападно од балтичките републики, кои веќе се загрижени од поддршката на Москва за украинските сепаратисти. Москва, исто така, го засили своето присуство во Сирија, каде размести авиони бродови како поддршка за својот долгогодишен сојузник, претседателот Башар ал-Асад.
Столтенберг предупреди дека оваа стратегија на Русија ќе и овозможи да ги контролира стратегиските точки.
-Ова воено засилување на Русите им овозможува да можат да го забранат пристапот до некои зони, изјави шефот на НАТО во португалската военопоморска база во Троја, јужно од Лисабон, откако денеска присуствуваше на воените маневри „Единствен тризабец 2015“, најголемата воена вежба на Алијансата во последните десетина години.
„Сега прашањето е како да реагираме на овој нараснат капацитет на Русија во балтичките земји, Црното Море, а сега и во Средоземјето“, рече Столтенберг и додаде дека НАТО треба „постојано да ги зацврстува своите сили“.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
