Свет
4. April 2018 - 22:25

Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија

НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

- Ние и натаму тежнееме кон подобри односи со Русија, бидејќи таа држава е наш сосед и ќе остане тоа. Не сакаме да ја изолираме Русија, изјави Столтенберг во обраќање на Универзитетот во Отава.

Поради труењето со нервен агенс на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери, НАТО во знак на солидарност со Велика Британија минатата недела протера седум руски дипломати од седиштето на Алијансата во Брисел.

Јенс Столтенберг

- Моравме да реагираме така, затоа што тоа не е само еден случај. Тоа е напад кој укажува на шаблонот на омраза кој со години во гледаме од Русија, истакна Столтенберг, посочувајќи ги како примери руската „анексија на Крим, дестабилизацијата на источна Украина, поддршката на сирискиот режим и мешањето во работите на други држави“.   

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко вчера, како што јави МИА, оцени дека со претерувањето на руските дипломати од седиштето на НАТО, Алијансата „сама себе си си пукала в нога“.

- Задавајќи им удар на службите надлежни за пружање точни инфромации за тоа што се случува во Алијансата, НАТО првенствено се казнува себе си, а не нас. На крајот на кариштата, ако не сакаат дијалог, дијалог нема ни да има. Сите знаат дека за танго се потребни двајца. Со тоа Алијансата си нанесува штета на сопствената безбедност, изјави Грушко. 

Александар Грушко

Тој оцени дека постапките на НАТО се во спротивност со големиот број соопштенија на генералниот секретар и на другите официјални претставници на Алијансата, кои тврдат дека Пактот е заинтересиран за одржување на политичкиот дијалог со Москва и апелираат за свикување нов состанок на Советот НАТО-Русија.

- Во сегашните услови невозможно е да се свика таков состанок. заклучи Грушко.

Велика Британија за труењето на Скрипал и неговата ќерка ја обвинува Русија, која пак негира каква и да било нејзина поврзаност со случајот.