Свет
14. November 2015 - 9:40

Столтенберг: НАТО ќе стои силно и обединето со Франција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ќе стои „силно и обединето“ со Франција во борбата против тероризмот.

- Длабоко сум шокиран по ужасните терористички напади ширум Париз. Моите мисли се со семејствата на жртвите, со сите оние кои се повредени, со жителите на Франција, рече Столтенберг, пренесува Танјуг.

- Тероризмот никогаш нема да ја победи демократијата, потенцираше генералниот секретар на Алијансата.