Столтенберг: НАТО и Русија имаат длабоки несогласувања, тоа останува непроменето
НАТО и Русија имаат длабоки несогласувања, и тоа останува непроменето, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на првата седница по 2014 година на Советот НАТО-Русија.
- НАТО и Русија имаат многу различни ставови, но се сослушавме. Не сакаме да водиме војна туку да ја спречиме, нагласи Столтенберг, додавајќи дека не е договорен датум за следна седница, но оти очекува да има нови средби.
Тоа беше прва средба по руската анексијата на Крим кон Украина.
- Сите денеска се согласивме за потребата за брза и целосна примена на договорот од Минск, а Русија има посебна одговорност за тоа прашање. Имаме различни ставови за фактите и одговорностите за настаните во Украина. Во НАТО не сме согласни дека тоа е граѓанска војна - Русија ја дестабилизира источна Украина со поддршката за сепаратистите и со доставувањето на оружје. Руската агресија доведе до сегашната состојба во нашите односи. НАТО цврсто го поддржува украинскиот суверенитет и територијалната целост, не го признаваме незаконското присоединување на Крим. Заострените воени акции во источна Украина алармираат, посочи Столтенберг.
Тој додаде дека Алијансата не може да се врати кон вообичаените односи се додека Москва не го почитува меѓународното право.
Генералниот секретар на Алијансата наведе и дека на Советот е договорено воведување на заеднички правила за набљудување на воените вежби.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата