Македонија
20. November 2023 - 16:40

Столтенберг ја стартуваше турнејата со порака: Загрижува руското влијание во регионот

Генералниот секретар на НАТО ја стартуваше мини турнејата со порака – руското влијание во регионот сериозно влијае на безбедноста.

Ова го порача утрово од Босна и Херцеговина, која е прва земја на неговата агенда.

Сепак вели НАТО останува посветена на поддршката на Босна и Херцеговина во спореведување на безбедносните реформи и нејзиниот евроатлантски пат.

„Загрижени сме поради сецесионистичката поделба и реторика, како и надворешното влијание, особено влијанието на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослабне реформите. Сите лидери мора да работат на единство и напредок“, изјави Столтенберг.

Столтенберг утре попладне пристигнува во Скопје.

На неговата агенда се средби со целиот државен врв, претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, спикерот Џафери.

Првите пораки Столтенберг утре попладне ќе ги испрати прво од прес конференција со Ковачевски, а потоа и во Собранието со обраќање пред македонските пратеници.

Во среда генералниот секретар на НАТО во Скопје ќе биде домаќин на состанокот со лидерите на земјите членки на Алијансата од регионот. Покрај Ковачевски, Столтенберг ќе одржи заедничка прес конференција со хрватскиот претседател и премиерите на Словенија, Црна Гора и Албанија.