Столтенберг ги потврди плановите на Алијансата за проширување во регионот на Црното Море

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги потврди плановите на Алијансата да го прошири своето присуство во регионот на Црното Море, договорено на самитот на НАТО во Варшава во јули, пренесе ТАСС.
- Алијансата ќе го зголеми присуството во Црноморскиот регион и во акваторија на Црното Море. Регионот на Црното Море е исклучително важен за евроатлантската безбедност и на самитот во Варшава НАТО донесе одлука за проширување на своето присуство во овој регион, изјави Столтенберг во Тбилиси.
- За сојузниците на Алијансата е многу важен блискиот контакт со земјите партнери како Украина и Грузија, како и дијалогот со нив за засилување на присуството на НАТО во Црноморскиот регион, рече шефот на Алијансата, кој е во Тбилиси за седницата на Комитетот НАТО-Грузија .
Ново на Сител
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
