Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, најверојатно до крајот на оваа недела. Се надевам дека двата лека ќе стигнат го крајот на оваа недела, за едниот зависи од дистрибутерот. Друго, сѐ има на клиниката.
Ова го истакна попладнево директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски, во изјава за МИА.
- Пациентите да бидат спокојни, со оглед на сите напори што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и обезбедување на следливост на терапијата, се надеваме дека ќе нема проблеми со недостаток во иднина. Пораката што ја упатив денеска е дека треба да работиме заедно со здруженијата на пациентите, за подобрување на пристапот до сите тераписки модалитети и посебен акцент да ставиме на превенцијата и раната детекција на канцерот, истакна тој на Светскиот ден за подигнување на свеста и борбата против ракот.
Директорот рече дека бројот на новорегистрирани пациенти во принцип се зголемува. Тој подвлече дека превенцијата, подразбира здрава исхрана и физички активности, рана детекција.
Стојковски изрази надеж дека надлежните што побрзо ќе обезбедат и нови вработувања. Бидејќи само во последните две години, имало помалку околу 20 вработени, поради заминувања во пензија и спогодбени откази.
Ново на Сител
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
