Стојкоски: Создаваме нова иднина – Продолжување на „Лука Геров“ и два нови кружни текови во Ѓорче Петров
Почитувани соседи, еден од најсериозните проблеми за кои постојани ни укажуваат жителите на општината Ѓорче Петров е сообраќајниот хаос.
Во моментов се наоѓам во населбата „Даме Груев“ на крајот од улицата „Лука Геров“. Во мојата изборна програма во соработка со Градот Скопје, предвидено е решение за деценискиот проблем којшто го имаат жителите на овој дел од општината.
Предвидено е продолжување на улицата „Лука Геров“, од населбата „Даме Груев“ кон Стопански двор, со што ќе се избегне сообраќајниот хаос, што во моментов го трпат жителите на населените места „Ново Село“ и „Кисела Јабука“.
Во урбаниот дел од општината предвидена е изградба на два нови кружни текови. Од којшто првиот на влезот од општината Ѓорче Петров, односно на влезот во градот Скопје, и вториот кружен тек помеѓу булеварот „Македонска војска“ и улицата „Ѓорче Петров“.
Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
