Стојкоски: Се заложивме да најдеме привремено сместување за Бранко и синот, ќе помогнеме и финансиски
Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината. Нивната куќа изгорела во страшен пожар пред два месеци. Градоначалникот Александар Стојкоски, ги посети и разговараше со таткото кој објасни дека им треба место за да ја поминат зимата. Стојкоски беше дециден дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.
„Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик“, посочи Стојкоски.
Уште во текот на викендот, градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.
„Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега“, додаде Стојкоски.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
