Стојановски: Закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје за ЈСП

За 14.45 часот закажана е нова вонредница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата.
На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.
- Не помина за еден глас. Веројатно во меѓу време се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје.
Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
