-->
-->
Стојанов ќе го суди дербито Силекс - Вардар
-->
Стојанче Стојанов од Штип од Скопје, ќе биде главен судија на дерби натпреварот од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Силекс и Вардар.
Стојанов заедно со помошниците Горан Манасиев и Петар Новачев ќе ја делат правата на мечот кој е во рамките од третата рунда на плејофот меѓу Силекс и Вардар кој ќе се игра утре во Кратово. На четири кола до крајот на првенството Вардарци се пред нов предизвик имајќи го во предвид резултатот од последниот меѓусебен дуел со Силекс, кога црвено-црните во Кратово пред дваесетина дена загубија со 3:2.
Кикс на актуелниот шампион ќе чека тетовска Шкендија која на домашен терен ја пречекува Брегалница. Во последниот меч од ова коло ќе играат Шкупи и Работнички.
Во плејаут конкуренцијата, вчера се одигра средбата Ренова – Младост Ц.Д. во која домашниот тим забележа убедлива победа со 4:2. Внториот меч од ова коло ќе се игра утре, а во него Металург е домаќин на Хоризонт Турново.
Сите натпревари в сабота ќе започнат во терминот од 16 часот.
Табела- плејоф: Вардар 71 бодови, Шкендија 66, Силекс 43, Работнички 39, Шкупи 38 и Брегалница 33.
Табела- плејаут: Ренова 38, Турново 37, Металург 19 и Младост ЦД 16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна