Стојаносвки: Од поднесени 250 амандмани на буџетот, 200 се од ВМРО-ДПМНЕ
Заврши првиот дел од расправата за Буџетот за 2023-та година во која ги вкрстивме фактите за економската состојба во која се наоѓа Македонија. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ потенцираше дека јавниот долг за 5 години е зголемен за 3 милијарди евра, дека Владата на СДСМ и ДУИ сосе Буџетот за идната година ќе потроши над 25 милијарди евра, а граѓаните живеат се’ полошо, дека растот на македонската економија е најнизок во регионот, дека Министерството за финансии дава преоптимистички проекции за иднината, а сите меѓународни финансиски институции се резервирани и ред други аргументи и факти кои колегите од СДСМ и ДУИ ги премолчеа. После тридневна расправа имам сериозна дилема дали пратениците од мнозинството се воопшто свесни до кое дереџе ја донесоа државата или живеат во сопствен паралелен универзум во кое премиерот им е главен стенд ап комичар, а тие си организираат караван низ Македонија.
Од денес па во наредните седум работни дена Комисијата за финансирање и буџет ќе работи по конкретни предлози поднесени од пратениците т.е. амандманска расправа. Вкупно се поднесени над 250 амандмани, а од нив 200 се на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Во текот на денешниот ден очекуваме да се расправа за амандманот со кој бараме дополнително одложување за една година на прогресивното оданочување. Овој неуспешен експеримент на СДСМ заврши со разрешување на Тевдовски, а сега на мала врата се враќа од 01.01.2023 година. ВМРО – ДПМНЕ е против казнување на најпродуктивните лица во Македонија. Покрај овој амандман денес ќе се разгледаат и предлозите на ССМ и КСС за зголемување на платите во администрацијата и предлогот со кој би се овозможила финансиска поддршка за работниците чии плати се од 18 до 22 илјади денари. Да потсетиме дека минимална кошница изнесува над 50 илјади денари, а инфлацијата кај храната надминува 30%. Бараме колегите од власта да прифатат амандман со кој ќе се намали акцизата за течните горива за 50% со што ќе им се помогне на граѓаните, но и на стопанството. Бараме да се запре со тенденцијата на постојано поскапување на електрична енергија со тоа што ДДВ за електрична енергија нема да се зголеми од 5% на 10% од Нова година.
Ова се само дел од амандманите за кои денес ќе се дебатира и гласа во Собранието. Ние ќе ги изнесеме аргументите зошто нашите предлози треба да се прифатат како би се подобрил животот на граѓаните. Имаме тронка надеж дека пратениците на мнозинството ќе имаат барем малку грижа на совест и за момент ќе работат во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице