Стојаноски: Медицинскиот персонал е оставен сам да набавува заштитна опрема
Додека во Република Македонија се празнува најголемиот Христијански празник, Христово Воскресение, се поставува прашањето дали воведената вонредна состојба е во насока на ефикасна борба против Ковид-19 и дали истата ги дава очекуваните резултати?
Имено, на што упатуваат многубројните апели на здравствените работници на социјалните мрежи дека недостасуваат средства за основна заштита? Повеќе од очигледно е дека многумина од нив се обидуваат самостојно да се снабдат со она што е неопходно потребно за да се заштитат како себе си, така и своите пациенти.
Зошто е тоа така? Зошто и покрај вонредната состојба, медицинскиот персонал е воглавно оставен самостојно да се грижи за набавка на лична заштитна опрема?
Сведоци сме дека огромен дел од опремата ја добиваме благодарение на донации и несебично самоиницијативно вложување на поединци и организации кои немаат никаква допирна точка со владата.
Голема….огромна благодарност до сите нив!!! Тие се вистинските херои во оваа кризна состојба.
Тезата дека здравствените работници се самите виновни затоа што не знаат да ја користат правилно опремата за лична заштита е дегутантна и навредлива
Во текот на вчерашниот ден бележиме уште еден случај на заболено лице, дел од медицинскиот персонал, овој пат во Пехчево. Бројката на заболени лекари и медицински персонал се искачи на околу 17% од вкупната бројка на заболени….
Дали оваа поразителна состојба во споредба со целиот регион се случува затоа што нема соодветна заштита опрема?
Под чии ингеренции потпаѓа обезбедувањето на заштита за првите линии на одбраната?
Дали за ова е директно одговорна владата во услови на вонредна состојба или треба секој самостојно и индивидуално да се обезбеди?
Уште еднаш јавно и конструктивно повикуваме, наместо да се практицира надменост и суета во најголемиот ек на кризата, да се прифати мерката која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ.
Да се формира фонд од 10 милиони евра, од кој ќе се набавува заштитна опрема за медицинскиот персонал, и секој еден лекар или здравствен рабоник би добил навремено адекватна заштитна опрема.
Потребни се мерки за заштита кои што треба да се спроведат во пракса веднаш!
Дополнително, потребни се и мерки за поддршка на економијата кои ќе не спасат од потенцијалната економска рецесија и економски колапс.
Ново на Сител
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост