Стојаноска: Реконструкции и изградба на нови спортски објекти во Гостивар
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска вети поддршка на спортот и реализација на проектите од изборната програма коишто се однесуваат на развојот на спортот.
- Спортот претставува ресурс во којшто треба да се вложува и инвестирањето во него повратно влијае врз целокупниот развој на општеството. Во нашата програма голем акцент е посветен на спортот и потребите на најмладата популација, рече вечерва Стојаноска по одиграниот натпревар што го организираше клубот на УМС.
Таа најави изградба на модерен спортски центар, градски базен со школа за пливање, финтес зони, фудбалски и кошаркарски игралишта, и изградба на две тениски и три баскет игралишта.
Стојаноска рече дека во изборната програма предвидуваат и отворање на клуб за играње шах, повеќенаменско спортско игралиште во населбата Циглана и поддршка на постоечките спортски клубови.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот