Стоилковски: Зоран Заев и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата за „Рекет“
Мотивите на Костадин Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни. Се работи за страв јавноста да не дознае дали во телефонот на Боки Тредичи имало фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина за него.
Но вистинската паника за размотување и за расчистување на случајот „Рекет“ е кај Зоран Заев, кој што е главата на криминалниот октопод, кој како што вели Боки 13, Тредичи знаел за рекет системот.
Во зградата на владата зад нас седи човекот, кој што е премиер на Република Македонија и ја имал апсолутната власт во државата, додека е вршен милионскиот рекет, врз десетици бизнисмени во Република Македонија.
Целата оператива на МВР, со БЈБ и УБК, УФР, УЈП, Царинската управа и Финансиската полиција е де факто под Зоран Заев. Не постои сериозен човек во државата, кој што верува дека Заев не знаел за „Рекетот“. Тој едноставно морал да знае.
Неделувањето на овие органи во насока на сузбивање на криминалот е само сигнал, само знак дека Зоран Заев стои зад рекет системот, кој директно е вршен преку СЈО, како алатка за затворање и ослободување на рекетираните.
Токму затоа Зоран Заев но и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата. Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот кој што очигледно многу знае за него.
Доколку истрагата немаше што да крие Јанева одамна ќе беше во притвор, без шанси за форматирање на телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.
Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали ташната со пари завршила тука на Илинденска, во зградата зад нас?
Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А, токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори час поскоро.
Ново на Сител
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце