Стоилковски: Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси
Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси само за да се задржи што подолго на власт. Овој пат одлучи шверцерски, без консултации да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце. Заев со тоа ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието на Република Македонија за суштински работи од кои што зависат бројни процеси во Република Македонија. Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот.
Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните. Предлог-законот за Попис во петокот бил испратен од предлагачот- Министерството за правда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце.
Ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за сомнеж за содржината и за вистинските намери на Зоран Заев. Уште повеќе што законскиот предлог текст е испратен во законите пред за него да има вистинска јавна расправа и дебата, или таа дебата се одвивала во строго затворени кругови без учество на опозицијата и на севкупната јавност. Сега повторно на опозициските пратеници не им се остава доволно време за подготовка за вклучување во вистинска расправа по еден ваков важен законски текст во собраниските комисии.
Кон сето ова може да се додадат и забуните во јавноста кои што беа креирани од власта, за тоа дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, како и прашањето кој се’ ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од Македонија во определен временски период?
Оттука брзањето овој закон веднаш и неодложно да биде ставен во процедура, остава место за сомнеж дека постои обид за донесување закон за спроведување на попис без вистинска консултација со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со јавноста.
Доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси.
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина