Стоилковски: СДСМ и ДУИ со своите политики протерале 215 илјади работоспособни луѓе
СДСМ и ДУИ со своите криминогеност и штетни политики од државата протерале 215 илјади луѓе! И тоа работоспособни луѓе, без коишто нема економија!
Според државната статистика, во табела за работоспособни луѓе, вработени, оние коишто бараат работа и невработени, на крајот од 2021 година запишале вкупно речиси 1.682.000. По само три месеци годинава, Статистика за истата категорија, оние коишто може да работат, пребројува нешто над 1.467.000.
Заради криминогеноста и штетните политики на СДСМ и ДУИ, во овој период, според табелата на официјална Статистика , работа загубиле или напуштиле речиси 104 илјади вработени. Но тие ги нема во табелата невработени, затоа што и таму бројката е намалена за над 22.500 лица! И тоа лица коишто според СДСМ/ДУИ барале работа. Бројката на оние избришаните за работа од СДСМ/ДУИ, како ги нарекуваат „неактивни баратели на работа“, е намалена за над 88.000 работоспособни луѓе.
Значи вкупно, заради политиките на СДСМ/ДУИ, Македонија загубила 215 илјади луѓе. 215 илјади работоспособни, 215 илјади луѓе работна сила! И тој тренд продолжува секојдневно со илјадници, илјадници млади, работоспособни коишто ги полнат автобусите и заминуваат во странство.
215 илјади избегани затоа што нема нови фабрики. 215 илјади иселени затоа што нема инвестиции. 215 илјади раселени затоа што нема правдина за Модуларната и Автобусот на смртта! 215 илјада помалку во Македонија. Егзодус на работоспособно население, заради криминал и корупција, затоа што нема развој, патишта, заради партизација и криминализација, затоа што Владата ЛАЖЕ дека во Македонија се живее како во Германија!
215 илјади помалку работна сила, веднаш по корона кризата! Без луѓе, нема економија, без луѓе нема држава.
Почитувани, премногу е! Придружете се на протестот за рушење на оваа власт, на 18 јуни пред владата во 20 часот!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува
-

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена
-

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма
-

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики
-

Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга, бараат „итен доказ дека се живи“
-

Следува потопло време, локални врнежи од дожд - пообилни кон средината на идната седмица
-

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта
-

Николоски: Брза пруга на Коридор 10, доизградба на Коридор 8, продолжуваме со крупни проекти во железницата
