Македонија
22. December 2021 - 14:31

Стоилковски: Пожарот во ЈП Улици и патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции

Пожарот во бараките на ЈП Улици и Патишта кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие е четврт пожар по ред во државна институција.

Уште е нејасно што се изгорело, кога и како настанал пожарот и која е причината за тоа.

Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку да каков криминал се штити?

Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда.

Во сите 4 институции запалени меѓудругото се и документи од институциите.

СДСМ мора да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација за можен криминал во работењето на овие институции?

Дали и за ова ќе биде виновен некој продолжен кабел?

Повикуваме ОЈО и надлежните институции детално да истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот. Одговорност мора да има.

 

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ