Стоилковски: Од Ковачевски ниту збор осуда за пораките за 2ри Август од Софија
Пораките на Ковачевски во последното интервју се несериозни и не може да се врзат со реалноста.
Ковачевски се повикува на непостоечки изјави од Софија дека, како вели, нема нови услови.
Истовремено, нема осуда за пораките за 2-ри Август од Софија.
Имено и бугарскиот претседател Радев и бугарскиот премиерот Денков, Илинденското востание го декларираа како бугарско, чија крајна цел била присоединување на Македонија кон Бугарија. Ова е историска невистина, претставува директно негирање на македонскиот идентитет и темелот на македонската државност, но и патоказ за бугарското делување во иднина.
Ковачевски ова го премолчи во интервјуто и нема ниту збор за него.
Јасно е дека Бугарија е подготвена преку протоколите и преговарањето за заедничката историја да го смени целосно наративот на македонската историја и државност и истото да го претвори во услов за нашето напредување кон Европа. Ковачевски ова го прифати, па сега бара национален консензус.
Што значи, со други зборови, други да ја споделат со него одговорноста за катастрофалната политика и дипломатија.
Националното единство Ковачевски со неговата ароганција и игноранција пропушти да го направи пред точно една година.
И тогаш и сега порачуваме, промена на Уставот под бугарски диктат нема да има!
И тогаш и сега велиме: потребни се институционални гаранции од ЕУ за многувековниот идентитет на македонскиот народ, но и гаранции дека процесот на преговори нема да се претвори во подвижна цел во која ќе следат нови и нови условувања до целосна асимилација на Македонија и македонскиот народ.
Промената на Уставот под бугарски диктат не е решение, туку само ги отвора апетитите на негаторските кругови во Бугарија.
За ова прашање, Ковачевски нема национален консензус со над 85% од јавноста.
Единствениот консензус којшто е можен и неопходен е консензус за итни предвремени избори.
Изборите имаат за цел суверенот на Македонија, народот, да каже каква политика ќе се води по ова прашање. Борбата за интересите на Македонија е долга и нема предавање и доведување пред свршен чин.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот