Стоилковски: Обвинителството да ја испита поврзаноста на власта со Меѓународниот сојуз
Градоначалници, министри, обвинители и судии, две години се впуштиле во соработка со Бојан Јовановски наречен Боки 13, лице неколкукратно осудувано за финансиски криминал и финансиски малверзации. Боки 13 е финансиски криминалец – повратник. Тој човек без поткрепа од власта не можел да изнудува пари за кои што е осомничен. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, Костадин Костадинов на еден или друг начин се поврзани со милионскиот рекет. Половина влада и СДСМ се членови на „Меѓународниот сојуз“ на Јовановски преку кој што се вршени злоупотребите и е собиран рекетот.
Јавното обвинителство покрај проширувањето на истрагата кон Јанева, која според изјавите на Русковска била алатката со чија помош е вршен рекетот, мора да ја прошири истрагата и да ја испита поврзаноста на Заев, на Шекеринска, на Ременски, и на Костадинов и другите со милионскиот рекет.
За неверување е дека премиер не знаел со кого министрите и градоначалниците, па дури и самиот тој потпишувале меморандуми за соработка. Боки 13 е неколкукратно осудуван за финансиски измами. Осуден е за измама од 50 илјади евра во 2010-тата година. Претходно за 2,5 илјади евра земени со измама во Радовиш, па осуден за невратени 7 илјади евра на госпоѓа од Скопје. Осуден од хотел во Белград за неплатен луксузен престој внимавајте на име на „хуманитарна организација“. Осуден за носење скоро 10 илјади евра во готово преку граница.
Неговите делувања и доживувања се општо познати, не се тајна. Заев и сиот општествено државен врв околу него морале да знаат со кого склучуваат меморандуми, со кого соработуваат. Граѓаните не се ниту наивни, ниту глупи, да поверуваат дека Заев и тие околу него ништо не знаеле и дека биле измамени.
Уште помалку Катица Јанева можела да биде измамена и злоупотребена. Под своја команда го има сето СЈО, обвинители, истражители и правосудна полиција во состав од вработени од БЈБ, УБК, УЈП, Централен Регистар, Финансиска полиција, Царина и Управата за финансиско разузнавање. Заев, Шекеринска, Ременски, Костадинов и Јанева, па и самата Русковска знаеле дека Јовановски е криминалец. Па оттука се поставува прашањето, зошто ако немале ист интерес, тие постојано се околу него?
„Рекет“ на површина го вади сврзното ткиво на октоподот, криминогениот карактер на членовите на општествената власт. Рекетот го покажуваа сиот сјај на државната мафија! „Рекет“ е сликата за недемократското владеење, за блескањето на Зоран Заев, за судството во пупка, за Обвинителството за политички прогон и прогон на неистомисленици. „Рекет“ покажува дека граѓаните не веруваат во системот, дека немаат институција која што може да ги заштити. Е во тоа блеска општеството на Заев. Блескаат само Кики, Фрики, Коки, Зоки-Поки, блескаат ликови од криминалното подземје. Криминалниот октопод мора да биде разобличен. Тоа со Заев на власт не е можно. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и финансиски независно и правно политички непристрасно Јавно обвинителство.
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција

