Македонија
29. September 2020 - 14:30

Стоилковски: ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага за скандалот со „ШИК Јелак“ во Тетово

Зоран Заев нарачува гласање за Детален Урбанистички План, Зоран Заев е мотиватор за носење на Детален Урбанистички План, Зоран Заев во февруари издејствувал согласност од Владата за Детален урбанистички план, Зоран Зaев е „aлфа и oмега“ во мега аферата „ШИК Јелак-Тетово“.

Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со „ШИК Јелак“ во Тетово. Да го погледнеме видеото.

Почитувани, Зоран Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија.

Ова е скандал со кој што на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој Трговски центар на кој што од Дака, од него е барано како што раскажува да има бензинска пумпа на влезот?

И во разговорот објавен на интернет, овој на кој што се повикав, Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“ бензинска пумпа и што ли уште не. Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира Урбанистички план.

Затоа ли Дака финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил Бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП?

Зоран Заев почитувани, вчера призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за „ШИК Јелак“ да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата.

ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички УВИД во предметите во ЈО.

Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара.

Или Мафијата или Македонија.

Новинарско прашање: Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска беше упатена во затвор каков е вашиот коментар?

Одговор: Пристигна и прашање во врска со упатувањето на Јанкуловска во затвор но и прашање за фотографирањето на Јанкуловска па видете вака снимањето на Гордана Јанкуловска во затвор е хранење на личната злоба на мафијата со затворање на неправедно осудени лица. Со вчерашното снимање на Јанкуловска во затвор повредени се и основните човекови права согласно уставот и конвенциите за човекови права Согласно членот 25 од уставот ќе прочитам на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватност на неговиот личен и семеен живот на достоинство и угледот. Повреден е и членот и 152 од кривичниот законик со тоа што неовластено се направени видео снимки од службени лица кои биле во затворот што предвидува и казна затвор до 3 години. Оттука го повикуваме народниот правобранител да не молчи и да отвори случај за повредување на човекови права а го повикуваме и јавното обвинителство да отвори случај против службениот кој што ја направи таа фотографија и таа снимка. Мафијата на власт почитувани го спроведува најголемиот криминал во историјата на Македонија, а штитејќи го својот криминал врши политички прогон против политички неистомисленици.

Новинарско прашање: Четвртиот пакет на економски мерки што го промовираше владата како го оценувате ?

Одговор: За тоа веќе имаме и квалификувани изјави дадени и една од претседателот со негова изјава . Христијан Мицкоски даде своја оценка веднаш по објавувањето на 4 таканаречен пакет мерки. Вчера да ја наречам сега екс заменик министерката техничката министерка Гордана Димитриеска – Кочоска исто така даде една своја оценка за овој не пакет не мерки и оттука само накусо можам да заклучам дека досега од она што е посочено ниту една третина од она што беше ветувано во трите пакети мерки не е исполнето а овој четвртиот пакет мерки е само чист популизам на Зоран Заев кој што воопшто нема да помогне на стопанството и на граѓаните пред овој налет и на корона и на економска криза во Македонија.

Новинарско прашање: Ваш коментар за кандидирањето на Кацарска за Уставен судија?

Одговор: Почитувани , сосема е јасна наводната заслуга на Добрила Кацарска за да биде дел од уставниот суд. Уставобранителите се во затвор а криминалците се на слобода. Кацарска судеше и пресуди драконски казни за случајот „Тенк “ , „27 април “ потоа за процеси од СЈО а беше дел и од судскиот совет што го очисти Зоран Заев во предметот „Поткуп“ . Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за мерцедесот во кој што се вози Заев а го осуди и Митко Чавков значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во уставен треба да и е награда за испорачаното за потребите на мафијата. После овој предлог за Добрила Кацарска да биде дел и да има мандат во уставниот суд никој во оваа држава од власта нема право да убедува дека владата планира борба со корупција и владеење на правото.

Новинарско прашање: Коментар за избор на партиски функционери по фејсбук статусот на Никола Попоски?

Одговор: Почитувани изборот на членови е ист како што беше и за Никола Попоски кој што неколку пати беше избран за повеќе функции во ВМРО ДПМНЕ. Да потсетам новиот партиски статут беше, поздравен и од нашите партнери од Европската Народна Партија.