Македонија
26. јуни 2016 - 21:24
Стоиљковиќ на гости кај Путин и Медведев
На покана на претседателот на партијата Единствена Русија, Димитри Медведев, претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, престојува на 15 Конгрес на партијата. Стоилковиќ кој е претставник на Демократската партија на Србите и претседател на собраниската Комисија за соработка со Русија, на аеродромот бил пречекан со македонското знаме и во изјава за Сител вели дека тоа е еден вид признание за моето учество на Конгресот.
- На конгресот на партијата Единствена Русија присутни се голем број меѓународни претставници, пратеници и политички партии од целиот свет, поранешни претседатели, присутни се земјите од евроазискиот регион, кинеската комунистичка партија... Ова само докажува дека Русија полека но сигурно се враќа на меѓународната политичка сцена, но во една сосема нова улога. Се очекува да биде потпишана и Декларација со која на Република Мекедонија и на цел Балкан би му се гарантирала територијален интегритет и суверенитет, а она што е битно за нас е тоа што таа декларација исто така и зачувување на уставното име на државата што е многу значајно за Република Македонија. Учесниците многу се интересираат за земјите од Балканот, сакаат да бидат запознаени со нивните можности како би се отворил простор за соработка, што укажува на посебностите на земјите од Балканот и интересот за соработка со нив, вели Стоилковиќ.
Конгресот се одржува два дена, предвидени се голем број билатерални средби и дискусии, а во фокусот е подготовката на партијата “Единствена Русија” за есенските парламентарни и локални избори. Учесниците на тркалезната маса дебатираа и за предизвиците во меѓународната политика како што се мигрантската криза и она што се случува во Европската унија. На крајот на Конгресот, предвидено е Демократската партија на Србите да потпише договор за соработка со партијата Единствена Русија.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
