Фудбал
16. October 2019 - 19:48

Стоичков: Ова е голем срам за Бугарија

Соседна Бугарија е во се поголема фудбалска криза по срамот што го приредија навивачите на квалификацискиот дуел со Англија на кој беа поразени со 6-0.  По оставката на првиот човек на сојузот Борислав Михајлов свое видување за една шпанска телевизија даде и легендарниот Христо Стоичков кој во еден момент се расплака што потврди дека е длабоко потресен од  нацистичкот и расистичкото однесување на бугарските фанови на мечот во Софија.  Последната вест е дека поради овој срам се уапсени пет лица.

           

Ново на Сител