Сто илјади посети на порталот Visitskopje.mk

Вкупно 100.000 посети има веб-порталот Visitskopje.mk, чија цел е да го промовира Скопје како туристичка дестинација. Порталот е основан во 2015 година од Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус.
Основна цел на порталот е да го развие туризмот во Скопје и да привлече туристи да го посетат главниот град на Македонија. Порталот е на англиски јазик и ги опфаќа сите елементи кои им се потребни на посетителите и туристите полесно да се снајдат во Скопје. Досега порталот има посетители од повеќе од 100 држави во светот, меѓу кои Сао Томе и Принсипе, Костарика, Сиера Леоне...
- Креирањето на идентитетот на Скопје како главен град, грижата за културното наследство и неговото вреднување, поддршка на развојот на културните разноликости, отворањето институции и други субјекти во областа на културата и промовирање на туризмот во престолнината е основната идеја на порталот, соопштија основачите на порталот Синиша Пекевски и Влатко Кошевалиски.
Тие најавија дека слоганот на порталот „Feel Skopje“ сe менува во „Feel love, Feel Skopje“. Во наредниот период предвидени се новитети на порталот со цел младите дизајнери, уметници, професионалци во својата област да се промовираат во странство со тоа што порталот бесплатно ќе поставува огласи и веб-банери од нив.
Ново на Сител
-

Анкета: Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија
-

Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
-

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар
-

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел - зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите
-

Од денеска се ограничува слободата на движење на руските дипломати во Европската Унија
-

Ноем: Човекот кој беше застрелан во Минесота бил вклучен во насилни немири
-

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
