Сто години од крајот на Првата светска војна

Денеска се одбележува 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а централната манифестација ќе биде одржана во Париз со присуство на повеќе од 80 шефови на држави и влади на земјите учеснички во Големата војна.
Меѓу учесниците на свеченоста во Париз, чиј домаќин е претседателот на Франција Емануел Макрон, меѓу другите, се и претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Освен земјите победнички во Првата светска војна, на одбележувањето ќе присуствуваат и претставници на поразените земји, како Германија која ја претставува канцеларката Ангела Меркел.
Главната церемонија ќе почне пред Триумфалната капија, каде со наголеми воени почести на гостите ќе им се обрати францускиот претседател.
Планирано е Макрон својот говор пред гробот на Незнајниот јунак да го одржи точно во 11 часот, на 11-от ден, во 11-от месец, во моментот кога е потпишано Примирјето пред 100 години.
Во рамките на одбележувањето на годишнината, ќе се одржи првото заседание на Парискиот мировен форум, кој се воспоставува на иницијатива на францускиот претседател, како одговор на растечките тензии во светот и опасноста за меѓународната соработка.
Макрон и Меркел вчера открија плоча на помирување во близина на шумата Компиен во Франција каде беше потпишано примирјето со кое пред сто години заврши Првата светска војна.
– По повод 100-годишнината од завршувањето на војната на 11 ноември 1918. Емануел Макрон, претседател на Република Франција, и Ангела Меркел, канцеларка на Сојузна Република Германија, на ова место ја потврдија вредноста на француско-германското помирување во служба на Европа и мирот, пишува на малата плоча, на германски и француски јазик.
Ова е првпат германски канцелар да го посети тоа место од Втората светска војна, истакнуваат германските медиуми.
„Дојче веле“ подвлекува дека Британците не сакаат да бидат дел од свеченост на која доминира Франција и инсистираат на своја церемонија. И во Лондон им се подава рака на Германците – претседателот Франк-Валтер Штајнмаер е првиот германски државник кој ќе присуствува на положување венец во Лондон, што премиерктаа Тереза Меј го оцени како „историски акт на помирување“.
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
