Бизнис
5. March 2020 - 19:28

Стивна паниката за коронавирусот – македонската берза во позитива

Стивна паниката од корона вирусот кој ги потопи светските берзи изминативе две недели. На глобалниот страв не остана имуна ниту македонската. Но, од неделава индексите се во позитива. Според познавачите – тоа се должи на  финансиските резултати кои компаниите ги објавуваат овој период од годинава и најавата дека дел од нив ќе делат дивиденда

Најпривлечни за тргување се акциите на банките. Според податоците на македонската  берза во Топ 5 те  најтргувани, само во изминативе 4 дена  од 3 банки се истргувале хартии  вредни 1,8 милиони евра. Берзанските играчи очекуваат раздвижување и во периодот кој следи и покрај најавените избори – кои во принцип ги одвраќаат инвеститорите од тргување

 Домашните инвеститори доминираат пред странските , а според брокерите тоа е резултат  на ниските камати кои ги нудат банките. Граѓаните се мотивираат вишокот пари наместо во банка да  го вложат во хартии од вредност, кои им носат повисоки приноси.