Стипендии за летен курс по германски јазик
Академскиот центар за Централна, Источна и Југоисточна Европа од Баварија - BAYHOST им нуди на студенти од Македонија, како и од земји од регионот, можност за стипендии за летен курс по германски јазик за 2018 година.
Државниот секретаријат од Баварија секоја година финансира летни курсеви за германски јазик во Баварија за студенти од Македонија. Курсевите се организирани од баварските универзитети, каде што и се одржуваат.
BAYHOST е институција за соработка на сите универзитети, универзитети за примелниви науки и високообразовни институции за различни видови уметност во Баварија и поддржува меѓународна академска соработка и размена на студенти.
Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk). Потенцијалните кандидати треба да бидат студенти на еден од универзитетите во Република Македонија и да го познаваат германскипт јазик најмалку А2 ниво.
Стипендијата за летната школа вклучува партиципација, сместување во близина на унверзитетот каде што се одржува курсот, како и месечни парични додатоци. Стипендијата не ги покрива патните трошоци, осигурување и трошоците за виза.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ