Стипе Месиќ доби признание почесен граѓанин на Гостивар

Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ денеска во Гостивар го доби признанието почесен граѓанин. На свечената седница на советот на општината, клучот на градот му го врачи градоначалникот Невзат Бејта.
Месиќ се заблагодари на честа која му ја укажана. - Имам многу признанија, но ова ми е особено драго, бидејќи е донесено со едногласна одлука во советот и преставува голема чест за мене. Ме радува и тоа гледам дека мачните времиња на Балканот се зад нас и остануваат во минатото. Ова е уште еден доказ дека демократијата вреди да се негува, рече Месиќ на прес-конференцијата која се одржа по свеченоста.
Одговарајќи на новинарско прашање да даде оценка дали во Македонија се води добра економска политика, Месиќ одговори дека тој не сака да се меша во внатрешните работи на земјава и дека тоа би било некоректно од негова страна.
Во придружба на Месиќ беше и Идриз Сулејмани за кого беше речено дека ќе биде кандидат за пратеник во хрватскиот Сабор, а тој во своето обраќање ја побара поддршка од своите сонародници од дијаспората за престстојните паралментарни избори во Хрватска.
Одлуката за доделување на признанието, членовите на советот на општина Гостивар ја донесоа минатата недела, со образложение дека Месиќ ја заслужува ваквата титула, затоа што во текот на политичката кариера се посветил на намалување на поделбите меѓу народите и промовирање на демократските вредности. Стипе Месиќ во април 2012 беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово.
Ново на Сител
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
