Македонија
15. August 2016 - 16:49

Стигнува помош од 10 држави

Вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки , маски и најразлични материјално технички средства донираше Република Унгарија како помош за подрачјата погодени од поплавата. Од дирекцијата за Заштита и спасување информираат дека ова е првиот контигент помош, додека вториот кој се состои од четири камиони треба да пристигне во теков на неделава.

Покрај Унгарија помош е најавена од уште 10 држави додека од четири е веќе пристигната и складирана во магацините на Дирекцијата за спасување. Помошта секојдневно се доставува до областите кои се најпогодени од поплавите.