-->
-->
Стигнаа наодите од обдукцијата на телото на малиот Матеја
-->

Стигнаа наодите од обдукцијата на телото на малиот Матеја Митиќ кој за жал го загуби животот во градинка, под неразјаснети околности. Малото момче почина во градинката `Dečiji lug`, а според наодите починало од ненасилна смрт, по воспаление на срцевиот мускул, што покажува дека постоело подолготрајно воспаление кај детето. Сепак, во наодите не пишува кога точно настапила смртта.
Детенцето заспало со останатите 15 дечиња во градинката по ручекот, но за жал не се разбудило. Итната помош го одведе малото момче веднаш во болница, но и покрај обидите за реанимација, докторите не можеле да направат ништо.
Родителите на момчето кои се во очај велат дека резултатите од обдукцијата ги сметаат за непотполни.
- Не се знае часот на смртта. Овој извештај е непотполен, велат тие.
Родителите сакаат до крај да се разјасни како починало нивното детенце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче