Стејт департментот ја повика Турција да внимава на изјавите за учеството на САД во обидот за пуч

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „провокативната реторика“ на Анкара во врска со обидот за преврат во Турција не е од корист.
Стејт департментот ги коментирашр тврдењата на некои турски медиуми дека тинк-тенк од Вашингтон стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули.
- Ваквите теории на заговор и провокативната реторика во никој случај не се од корист, изјави портпаролот на Стејт департментот, Елизабет Трудо, коментирајќи ги извештаите, според кои тинк-тенк центарот „Видро Вилсон“ стои зад обидот за пуч во Турција.
- Ги очекуваме сите страни - медумите, цивилното општество, турската Влада да се однесуваат одговорно во своите изјави по тие прашања, додаде Трудо.
Таа нагласи дека и покрај ова САД сметаат дека партнерските односи и пријателството со Турција се на здрави темели.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
