Свет
4. May 2018 - 9:07

Стејт департментот го замрзна финансирањето на сириските „Бели шлемови“

Стејт департментот го замрзна финансирањето на сириската хуманитарна група „Бели шлемови“, јави телевизијата Си-Би-Ес.

Хуманитарната организација „Бели шлемови“, која се ангажира во одговор при итни ситуации во завојуваната Сирија, една третина од средствата за финансирање ги добива од САД.

Си-Би-Ес јави дека финансирањето на „Белите шлемови“ е под „активна проверка“, додека Стејт демартментот да одлучи кои странски програми ќе продолжи да ги финансира.

- Ова е загрижувачки развој на настаните...на крајот негативно ќе влијае на можноста хуманитарните работници да спасуваат животи, изјави претставник на „Белите шлемови“.

Кон крајот на март, американскиот претседател Доналд Трамп замрзна 200 милиони долари финансиска помош на САД поврзани со проекти за обнова на Сирија.

„Бели шлемови“ е група од 3.000 доброволци, кои тврдат дека го спасиле животот на повеќе од 70 илјади лица од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.