Стејт департментот го стави Кочо Анѓушев на црната листа, тој најави дека ќе ја обжали одлуката
Стејт департментот го стави Кочо Анѓушев на „црна листа“ поради неговата вмешаност во значителна корупција. Поранешниот вицепремиер Анѓушев, пак, во соопштение до медиумите ги негираше сите сомневања изразени од Стејт департментот и најави дека ќе ја обжали одлуката, а американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порача дека ќе следуваат повеќе назначувања, но дека останува на функционерите и граѓаните да побараат одговорност.
Американскиот Стејт департмент, вчера објави дека го означува Кочо Анѓушев како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.
- Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Оваа ознака, посочуваат од Стејт департментот, ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.
Според американската амбасадорка Анџела Агелер, именувањето на Кочо Анѓушев е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во земјава и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите.
- Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
Анѓушев, во соопштение до медиумите ги негираше сите сомневања изразени од Стејт департментот и најави дека ќе ја обжали одлуката. Тој, исто така, посочува дека има фирми и во САД, и како што вели, е американски даночен обврзник.
- Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата.
Има четири фактори што ја генерираат зголемената цена на електричната енергија на берзите. Тоа се цената на природниот гас, зелените сертификати коишто пораснаа драстично, намалените издашнос
Во текот на неговиот мандат во Владата на Република Северна Македонија од 2017-2020 година, Анѓушев, како што вели „работел со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја“.
- Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи, посочува Анѓушев.
На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.
Ново на Сител
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица