Македонија
8. August 2024 - 16:42

Стејт департментот го следи, но не го коментира случајот со Гаши - Првиот парламентарец се уште молчи за интерпелацијата за него

И Стејт департментот го следи случајот со собранискиот спикер Гаши и инцидентот на неговото обезбедување на скопскиот аеродром за косовската претседателка Османи. Сепак, американските власти освен што будно ги следат извештаите за инцидентот, тие не сакаат да дадат коментар за тоа дали има некаква политичка одговорност кај претседателот на парламентот. 

За тоа каква порака испраќа однесувањето на Гаши имајќи го предвид политичкиот протокол и дипломатијата, од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски кусо одговориле:

„Ги видовме извештаите и нема да коментираме за тековна истрага“.

Шефот на обезбедувањето на спикерот на 1 август влегол во ВИП салонот на скопскиот аеродром и се заканувал на аеродромското и полициското обезбедување да ја пуштат Османи без да биде проверен нејзиниот багаж.  Поради ваквото однесување, МВР поднесе кривична пријава за шефот на обезбедувањето на Гаши и поведе 2 дициплински постапка за двајцата полицјаци што биле со него.

Собранискиот спикер првично изјави дека тој го пратил своето обезбедување за да ја смири ситуацијата меѓу Османи и надлежните од аеродромот, токму на барање на косовската претседателка. По ваква изјава, СДСМ побара кривична одговорност и смена на Гаши, додека пак Левица поднесе интерепелацијаза неговата работа. И додека владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди смета дека нема политичка одговорност кај првиот парламентарец, Гаши веќе трет дена молчи за барањата за негова смена.

Во меѓувреме тој утре ќе има состанок со координатори за новата седница закажана за во понеделник. Освен ребалансот кој треба да биде донесен до 14 август, на седницата се уште 30-тина други точки.  Од нив, 18 точки се всушност законски решенија поднесени од владите на Џафери и Ковачевски, но премиерот Мицкоски го известил Собранието дека и новата Влада се согласува со нив.

Тука се измени во  законот за култура, за прекин на бременоста, за добороволно здравствено осигурување, за трговски друштва, за енергетска ефикасност..

Интерпелацијата на Левица, иако ова е прва седница по нејзинтото поднесување, не може да се најде на дневе ред бидејќи не е истечен рокот за одговор што треба да го даде Гаши. Таа веројатно ќе се најде на седница во септември и тоа како прва точка на дневен ред.