Стејт департмент за средбата Блинкен-Нетанјаху
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на денешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди поддршката на САД за правото на Израел да се заштити од терористичко насилство во согласност со меѓународното хуманитарно право и го повика Израел да ги преземе сите можни мерки за да избегне повреда на цивили.
Како што соопшти Стејт департментот, Блинкен и Нетанјаху разговарале за напорите да се обезбеди ослободување на сите преостанати заложници. Тие, исто така, зборувале за потребата од забрзување на испораката на неопходната, хуманитарна помош која спасува животи во Газа.
Американскиот државен секретар го истакна императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужниот дел на Газа пред какви било воени операции таму и повика на итни чекори со цел доселениците екстремисти да одговараат за насилството врз Палестинците на Западниот Брег.
„Блинкен повтори дека САД остануваат посветени на опипливи чекори за да се напредува кон палестинската држава која живее во мир, слобода и безбедност покрај Израел“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото