Стејт департмент: САД не се вмешани во бунтот на групата Вагнер
Амбасадорката на САД во Москва Лин Трејси директно контактираше со руските власти викендов за да ги увери дека САД „не се вмешани“ во неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија, соопшти Стејт департментот.
Амбасадорката Трејси, како и американски претставници кои контактирале со руската амбасада во Вашингтон, изјавиле дека „САД не се и нема да бидат вмешани“ во настаните што ја потресоа Русија, изјави вечерва портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Тој посочи дека американските власти „се надеваат дека Русија ќе ги исполни своите обврски за заштита на амбасадата и дипломатскиот персонал“ со седиште во Москва.
Дипломатските односи меѓу Вашингтон и Русија се на најниско ниво од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, а разговорите на високо ниво најмногу се однесуваат на американските затвореници во Русија.
Ново на Сител
-

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
-

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Загинат и петмина ранети во оружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана
-

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит
-

Сончево и потопло време, температури до 23 степени
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
