Стејт департмент: САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Македонија
Позицијата на САД кон Македонија не е променета, соопшти американскиот Стејт департмент во врска со изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабахер дека Македонија треба да се подели меѓу соседите.
- САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка на албански јазик.
Македонското МНР преку Амбасадата во Вашингтон вчера побара став од Стејт департментот за изјавите на Рорабахер дадени во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ од Тирана. Рорабахер во интервјуто меѓу другото вели дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле созадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Албанија“.
Ново на Сител
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи