Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори
- Македонија соработува со Соединетите Американски Држави во антитерористичките напори и е членка на Глобалната коалиција за пораз на Исламаска држава, стои во денеска објавениот извештај на Стејт департментот за тероризмот и насилниот екстремизам.
Македонските власти проценуваат дека припадници и симпатизери на ИСИС се присутни во државата. МВР и разузнавачките агенции проценуваат дека најмалку 150 македонски државјани патувале за да им се приклучат на терористичките групи во Сирија и во Ирак. Од нив, 30 се убиени, 40 и понатаму се присутни таму, додека 80 се вратиле во Македонија, стои во извештајот.
Се посочува дека Македонија презема мерки за зацврстување на легислативата и зајакнување на капацитетите за борба против терозризмот и неговото финансирање, како и за зајакнување на сајбер безбедноста и соработката со меѓународните партнери.
Македонската гранична полиција и царина се членки на иницијативата за гранична соработка, чија цел е да се формира прекугранична работна група за гранична безбедност од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, за борба против корупцијата, криумчарење, транснационалниот криминал и тероризам.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
