Стефковски - Христовски: Се решава сообраќајниот хаос во Автокоманда
Во просториите на општина Гази Баба утрово се оддржа средба помеѓу работните групи од општина Гази Баба и ЈП Градски Паркинг со цел изнаоѓање на решение за сообраќајот во мирување во населба Автокоманда. На состанокот присуствуваа и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски.
За состанокот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Утрово заедно со директорот Бојан Христовски го оддржавме првиот состанок помеѓу работните групи на ЈП Градски паркинг и општина Гази Баба со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и ставање крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда.
Следните денови работните групи интензивно ќе работат на креирање предлог решение по што ќе започне теренска анкета во која граѓаните на Автокоманда ќе го кажат последниот збор за решението. - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден