Стефковски: Гази Баба го слави Денот на општината со подигање на знамето на Македонија
Општина Гази Баба денес го чествува Денот на општина Гази Баба.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека одбележувањето започна со церемонија на менување на знамето на Република Македонија.
„Со подигање на знамето на Република Македонија во дворот на Општина Гази Баба започна одбележувањето на 3-ти ноември, Денот на Општина Гази Баба.
Утрово во дворот на општина Гази Баба се оддржа церемонија на свечено подигање на знамето на Република Македонија, знамето на општина Гази Баба и знамето на Европската Унија.
Од оваа година започнуваме со една нова активност со која во иднина ќе започнува одбележувањето на Денот на општината, а тоа е со промена на знамињата.
Некој велат зошто токму со ваква активност ќе започнува одбележувањето на Денот на општината?
Тоа е затоа што наша должност е да се почитуваат знамето, химната и грбот како симболи на нашата татковина Република Македонија.
Знамето е национален симбол кое преставува заедничко обележје на сите оние кои живеат во Македонија, без исклучок на нивната национална припадност.
Македонското знаме било главна одлика за непокорот на Македонскиот народ и останало да биде светло на надежта за подобро утре.
На церемонијата присуствуваа учениците од општинските основни училишта во општина Гази Баба, бидејќи децата се оние кои ќе го продолжат патот, онаму каде што ќе застанеме ние“. - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник
-
Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД
-
МНР е во контакт со семејството за транспортирање на телото на загинатиот Македонец
-
Истражување: Четвртина од вработените во Србија би прифатиле помала плата за работа од дома
-
Дачиќ: Од 14 загинати, се уште не е утврден идентитетот на едно лице
-
Вработен пријавил физички напад од сопственик на фирма во Кавадарци
-
Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија