Стефановски и Рамадани во посета на бугарскиот Фонд за здравство
Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефановски и Орхан Рамадани, денеска во Софија имаа средба со гувернерот на Фондот за здравствено осигурување на Бугарија (НЗОК) Глинка Комитов.
Како што соопшти ФЗОМ, на средбата се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двата фонда, но и за зголемување на соработката помеѓу институциите во делот на електронски услуги.
Рамадани на средбата информирал за степенот на успешност на контролите во здравствените здравствени установи, а д-р Стефановски го презентирал електронскиот систем на ФЗОМ и користењето на електронските услуги.
Директорката на бугарскиот фонд Комитов, го претставила нивниот информатички систем и информирала за подготовка за Електронска размена на податоци за социјалната сигурност во ЕУ (ЕЕССИ) - структурирани електронски документи СЕДс.
Стефановски и Рамадани ги поканиле бугарските колеги да ја посетат Република Македонија и ФЗОМ.
Во рамките на работната посета на Бугарија, директорите Стефаноски и Рамадани ја посетија националната детска кардио хирургија на Бугарија, каде што ги увидоа условите за лекување. Особено се разговараше за интервенциите на бебињата кои се испраќаат од Македонија за операции на срце.
На средбите беше договорено соработката да продолжи и понатаму со размена на информации и искуства што ќе придонесат за понатамошно унапредување на здравствениот систем.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор