Стефан Марковски добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во Хрватска
Писателот Стефан Марковски за збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ е добитник на наградата „Книжевно перо“ за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво.
Наградата ќе му биде врачена на овогодинешното 10. јубилејно издание на тридневниот поетски фестивал на Хрватското книжевно друштво „Денови на пријателите на книгата“ во Риека, што ќе се оддржи од 9 до 12 ноември, годинава, а на кој тој е единствениот македонски претставник.
Според фестивалската програма, на првиот ден (9.11) во 18:00 во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ е предвидена промоција на двете последнообјавени дела на младиот македонски автор пред хрватската публика - поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ и збирката раскази „Смртта долетува насмевната“.
Обете книги на Марковски се неодамна наградени - поетската со наградата „Бели мугри“ за најдобар необјавен поетски ракопис за 2016, додека, збирката раскази со наградата „Крсте Чачански“ (2017).
Стефан Марковски (26) е автор на 10 објавени прозни, поетски и есеистички дела, како и неколку сценарија, и е актуелен уредник на првото македонско списание за литература „Современост“.
Фестивалот „Денови на пријателите на книгата“ се оддржува од 2007 година во организација на Хрватското книжевно друштво (ХКД) од Риека.
Покрај промоцијата на двете дела, предвиден е и поетски настап на Марковски со поезијата застапена во новиот број на „Книжевно перо“, книжевното списание во издание на ХКД.
Ново на Сител
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства