Живот
7. September 2016 - 14:38

Сте пробале ли торта од шише?

Торта од шише е специјалитет само за сериозни љубители на слатките работи.
Ова брилијантна идеја е на една слаткарница од Сиднеј која ги произведува овие фантастични торти.
 
Во завистност од тоа која боја е шишето се бира и вкусот на тортата. На пример торта во зелено шише има вкус на зелен чај, црно или потемно шише има вкус на нутела, а жолтото на путер од кикирики. Единствена мана на овие торти е што неможете да ја пресечете така лесно, но за вакво ремек дело тоа и не е толку важно.