Ставрески: Одличните економски резултати најавуваат успешна економска година
Натфрлувањето на економскиот раст за 2015 година, кој изнесува 3,7 отсто и е над владините проекции, како и растот на индустриското производство за 8 отсто на почетокот на 2016 година, дава основа да очекуваме дека годинава ќе биде успешна на економски план, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Во интервју за телевизијата „Сител“, вицепремиерот Ставрески вели дека очекува овој тренд на продолжи, а посебно да зајакне во втората половина на годината, по завршување на изборите.
- Резултатот за последното тримесечје од 2015 година од 3,9 проценти раст на економијата е над нашите очекувања. Минатата година ја завршивме со 3,7 проценти раст, што е над проекцијата на Владата и над општите очекувања. Врз база на тоа може да очекуваме дека 2016 година ќе биде успешна на економски план. Податокот за индустриско производство за јануари за раст на индустријата од 8 проценти го потврдува тоа, истакна Ставрески.
Вицепремиерот вели дека добрите економски резултати се показател оти економските политики се добро поставени и се креирани добри услови за домашните и странските фирми кои отвораат нови работни места.
Според него, ова се извонредни економски резултати имајќи ја предвид сложената политичка ситуација во земјата.
Државната статистика објави дека македонската економија минатата година забележала раст од 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од проектираното. Деновиве, Државниот завод за статистика регистрираше и историски најниска стапка на невработеноста во Македонија од 24,6 отсто.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал