Ставрески: Од 2008 за субвенции за лозарството исплатени 4,6 милијарди денари
Од 2008 година наваму за субвенции за поддршка на лозарството исплативме вкупно 4,6 милијарди денари или 75 милиони евра. За минатата година на околу 5.000 кавадарчани им се исплатени 200 милиони денари, така ќе продолжиме и во иднина, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој денеска се обрати пред присутните на градскиот плоштад во Кавадарци по повод верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите.
Тој истакна дека традицијата за производство на грозје и вино во Тиквешијата и во Македонија е вековна и оти уште од дамнина е забележано дека во Македонија и Тиквешијата се создаваат чудесно моќни вина со мириси на југот.
- Секој којшто дошол кај нас и пиел од нашето вино рекол дека е најдоброто и највкусното вино кое некогаш го пробал. Вие и вашиот труд сте заслужни за тоа и знаете дека ја имате и секогаш ќе ја имате нашата поддршка и преку субвенции и преку промоција на виното, нагласи Ставрески.
Тој, посакувајќи бериќет за семејствата од цела Тиквешија и Македонија, потенцира дека лозарството и винарството се столбот на македонската економија.
- Во една прилика побаравте да се скрати рокот во кој винарските визби мора да го исплатат грозјето и ние најсериозно го разгледавме тоа прашање и тоа ќе биде поставено на Влада и ќе влезе во нашата програма па ќе настојуваме исплатата да биде што е можно понавремена за лозарите, нагласи Ставрески пред кавадарчани.
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, кој истакна дека времето им е наклонето на лозарите, но не и винарските визби и па побара да се намали рокот до кој винарите мора да го исплатат грозјето и исплатата да биде побрза се со цел, како што рече, винарите да не си ја сечат гранката на која што седат.
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија