-->
-->
Ставрески: Невработеноста во Прилеп намалена за 10.000 лица
-->

За девет години невработеноста во Прилеп е намалена за 10.000 лица, главно со проекти преку Агенцијата за вработување и со активирање на индустриските зони, изјави вицепремиерoт и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.
Според Ставрески, постигнати се добри резултати со тоа што во периодот од 2006 до 2015 година во Прилеп за речиси 10.000 лица е намален бројот на невработени.
- Голем дел од нив се вработени преку активните мерки на Аагенцијата за вработување, како што се самовработувањето, кредитите, грантовите, преку проектот „Македонија вработува“ и слично, рече Ставрески, додавајќи оти добар дел од новите вработувања се во компаниите - странски инвестиции, во околината и во Прилеп, како и во индустриските зони.
Тој ги посочи компаниите - странски инвестиции „Дрекслермаер“, „Гентерм“ и „Акомпласт“, каде има голем број вработувања, а се очекуваат и нови, но и индустриската зона во Прилеп каде се очекуваат неколку домашни фабрики да отворат погони и нови работни места.
- Секако, има вработувања и во локалните фирми. Тие овие години ја искористија добрата бизнис клима, ниските даноци, преку евтините кредити, така што со сите тие мерки помогнавме да се реализираат вработувањата и во домашните фирми, истакна Ставрески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
