Македонија
6. August 2019 - 17:40

Стартуваше Светското првенство во параглајдерство во Крушево

Небото над Крушево денеска го сардисаа над 150 параглајдеристи од 49 земји на 16-тото Светско првенство во параглајдерство. Ваков престижен натпревар за прв пат се организира кај нас. Македонија ја добила честа да биде домаќин поради тоа што веќе 10-тина години по ред одлично организира огромен број меѓународни натпревари. Параглајдерството станува светски заштитен бренд за Крушево. 

„Ова е голема промоција на Македонија и пред се за Крушево како туристичка дестинација. За понатаму нашата цел е од Крушево да направиме дестинација која што не само на зборови да биде светска туку навистина да стане светска. За тоа ни треба поголема инфраструктура, повеќе вложувања од сите субјекти ии доколку се исполнат тие ислови иднината ќе биде многу светла“, вели Горан Димишковски, директор на натпреварот.

Во Крушево има учесници буквално од целиот свет, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја, Мексико, Аргентина, Бразил, САД и други кои вепат дека Крушево е топ дестинација во светот за параглајдети. 

„Австралија е слична на теренот, високите температури, силната клима, може да биде ветровито понекогаш. Се надеваме дека ќе поминеме добро“, Кари Елис, натпреварувач од Австралија.

„Ова е мој трет пат тука, бев во 2016 на Европскиот шампионат, а минатото лето во август бев тука на Британскиот шампионат. Има многу добро време во повеќето денови, термосите добри, не многу силни“, Керсти Камерон, натпреварувач од Британија.

„Ова е мој прв пат на Светско првенство, јас сум од Филипините, Азија и ова е прв пат Филипините да се дел од Светско првенство“, кажа Вилијам Партис, натпреварувач од Филипините.

„Условите тука се многу, многу добри. Климата е одлична и исто така имаме многу сончеви денови“, истакна Кеико Хираки, натпреварувач од Јапонија.

Македонија ја претставуваат тројца натпреварувачи кои се надеваат на добар пласман и бараат поддршка.

„И се додека чекаме македонската фудбалска репрезентација да влезе на светско, дотогаш навивајте за параглајдерската репрезентација“, рече Ѓорѓи Ристовски, натпреварувач од Македонија.

Натпреварот се одвива на полетувалиштето на Мечкин Камен, а ќе трае до 18 август.

 

КАЈРОНИ :

1. ГОРАН ДИМИШКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НАТПРЕВАРОТ

2. КАРИ ЕЛИС, НАТПРЕВАРУВАЧ ОД АВСТРАЛИЈА

3. КЕРСТИ КАМЕРОН, НАТПРЕВАРУВАЧ ОД БРИТАНИЈА

4. ВИЛИЈАМ ПАРТИС, НАТПРЕВАРУВАЧ ОД ФИЛИПИНИТЕ

5. КЕИКО ХИРАКИ, НАТПРЕВАРУВАЧ ОД ЈАПОНИЈА

6. ЃОРЃИ РИСТОВСКИ, НАТПРЕВАРУВАЧ ОД МАКЕДОНИЈА