Стартуваше конзервацијата на саат кулата во Неготино
Денеска и официјално започнаа работите поврзани со проектот за конзервација на саат кулата во Неготино.
- Станува збор за проект на музејот на град Неготино во соработка со општината и поддржан од страна на Министерството за култура. За проектот годинава од страна на Министерството се одвоени средства во висина од 500 илјади денари. Проектот исто така е поднесен и до Американската амбасада, но се уште немаме одговор кој победил на конкурсот, информираше Ристе Марков, директор на неготинскиот музеј.
Марков појасни дека се работи за споменик на културата од 19 век, изграден на територија на општина Неготино, од страна на Абдул Захир Ага во 1810 година.
- За историјата на кулата дознаваме од сочуваните натписи во камен вградени над влезот во кулата кои се испишани на арапски јазик. Висока е околу 13 до 14 метри, во шестоаголна форма и е градена од камени блокови со дебелина на зидовите до 1 метар, соопшти тој.
Марков објасни дека над камената градба имало доградба од дрво која била висока уште 5 до 6 метри, со четири отвори во кои се наоѓале саати кои биле споени со ѕвоно. Градењето на саат кулите, рече, било од неколку практични примени во тоа време.
Ваквите градби, според него, служеле за мерење на времето за потребите на обавување на петте дневни намази на муслиманските верници, регулирање на работното време во занаетчиските работилници и трговските дуќани а со тоа и избегнување на нелојалната конкуренција. Се користеле и како набљудувачници, при евентуални разбојнички напади, при појава на пожар и други несекојдневни случувања.
- Со конзервацијата и реконструцкијата саат кулата треба да се вклопи во новиот урбанистички план, не само како материјална вредност, туку и како културолошко-социолошки придонес од еден значаен период во архитектурата, нагласи Марков.
Директорот заедно со градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов денеска беа на лице место кај саат кулата за да видат како се одвиваат работите на терен.
Ново на Сител
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година
-
Рокас: Искористете го тековниот момент на наклонетост кон проширувањето
-
Прекин на сообраќајот на патот Кочани - Виница, кај хотел „Филипо“
-
Два случаи на голема кашлица изминатите седум дена
-
Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари
-
Французинка измамена од лажен Бред Пит, изгубила 830.000 евра
-
Полицијата со сила избрка советници и пратеници кои го блокираа градското собрание во Нови Сад